Македонија
Пелистер броеше до „100“ во големата полуфинална победа над ТФТ

МЗТ Скопје и Работнички вчера означи старт на полуфиналните возбудувања во македонскиот плејоф, а вечерва програмата продолжи со второто полуфинале меѓу Пелистер и ТФТ.
Според проценките, оваа битка требаше да донесе изедначена и неизвесна кошарка, но наместо тоа, видовме доминација на играчите во „зелено“ кои многу полесно од очекуваното стигнаа до убедлива победа.
Пелистер испорача „стотка“ и победи со 100:80 на домашен терен во „Боро Чурлевски“, триумф кој беше најавен уште во воведот од мечот кога на семафорот стоеше 12:0, а потоа 19:2.
Составот од Скопје успеа да се разбуди на стартот на вториот дел и во еден момент успеа да стигне и до прифатливи 66:60, но потоа следеше нова серија на Пелистер, со која резултатот пред крајот на последните 10 минути гласеше 83:68.
Во последната четвртина, Пелистер рутински ја доработи задачата и поведе со 1:0, па сега е чекор поблиску до големото финале во најсилната кошаркарска лига во Македонија.
Сеад Хаџифејзовиќ со 32 поени и 12 скока беше убедливо најдобар играч на паркетот и најзаслужен за победата на Пелистер, додека на спротивната страна се истакна Александар Костоски со 19 поени.
-
Шпанијапред 14 часа
Анчелоти со комплименти за Родриго: Тој е наш најдобар играч по СП
-
Италијапред 14 часа
Три ѕвезди на Јувентус денес ќе се збогуваат со фановите, важен играч на Алегри го пропушта дербито
-
Англијапред 17 часа
Фердинанд нема дилеми: Јунајтед има поуспешна сезона од Арсенал
-
Германијапред 14 часа
Салихамиџиќ по отказот од Баерн: Многу сум емотивен, ситуацијата не е лесна…
-
Англијапред 12 часа
Џака се „збогуваше“ со Арсенал во пресрет на последното коло
-
Шпанијапред 10 часа
Барселона договорила засилување од Вулверхемптон
-
Францијапред 18 часа
Мбапе „нокаутираше“ девојка со топка, па со убав гест покажа дека е џентлмен (ВИДЕО)
-
Англијапред 8 часа
„Бомбата“ на Дукуре му донесе опстанок на Евертон, Лестер и Лидс се нови второлигаши (Видео)