Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Пелистер без тренерот Бабиќ на реваншот со Магдебург

Објавено

на

Плеј оф натпреварот со Вардар во саботата беше добро загревање за Еирофарм Пелистер во пресрет на натпреварите кои му следуваат со Магдебург (Лига на шампиони) и Татран Прешов (СЕХА), но воедно македонското дерби донесе и нова ситуација во битолскиот клуб.

РК Еурофарм Пелистер ја извести јавноста дека при последното тестирање на Ковид-19, неопходно за патувањето на екипата во Магдебург, тренерот на екипата Жељко Бабиќ е позитивен на ПЦР тестот.

Се работи за асимптоматски случај и Бабиќ веќе е во карантин. Наместо него екипата во Магдебург ќе ја водат неговите помошници Божидар Мојсов и Ице Соколески. Тоа значи дека Бабиќ ќе ги пропушти и натпреварите против Младост Богданци (Куп на Македонија) и Татран Прешов (СЕХА лига).

Клубот ги известил и претставниците на Вардар 1961, со кои Еурофарм Пелистер играше натпреварот од плеј-офот на Суперлигата во саботата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни