Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер без проблеми против Струга, Тиквеш освои важни бодови во Скопје

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Екипата на Еурофарм Пелистер останува перфектна и по шест кола во плејофот во Суперлигата, поточно го задржа својот 100 процентен учинок и по средбата со Струга која ја реализираше со резултат 34-23.

Многу беше јасно кој е фаворит на ова соочување, фаворитски статус кој избраниците на Ангеловски го потврдија на теренот во салата „Боро Чурлевски“ каде веќе по првиот дел имаа позитива од 16-9 за да во вторите 30 минути рутински го заокружат овој победнички настап.

Василев со шест и Цехте со пет погодоци беа најдобри стрелци.

Далеки понеизвесно беше во Скопје каде Пролет загуби од Тиквеш со 26:23. Се водеше голема борба, двете екипи имаа можност да бидат во водство, но гостите подобро се снајдоа и освоија значајни бодови во македонската престолнина.

Мартин Манасков со 8 гола беше најефикасен играч на оваа пресметка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни