Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер ангажираше бразилско крило, Охрид се засилува со уште еден бундеслигашки играч

Објавено

на

Македонските ракометни клубови продолжуваат со промовирање на засилувањата за следната сезона, а денеска во главна улога се Еурофарм Пелистер и ГРК Охрид.

Актуелниот шампион официјално го промовираше Рудолф Хекберт, бразилско десно крило кое ќе ги засили битолчани за наредните две сезони.

Хекберт доаѓа од редовите на шпанска Куенка, а зад себе има голем број настапи во повеќе шпански прволигаши.

Раководството на ГРК Охрид, според порталот „Балкан хендбол“ договорило уште едно засилување од Бундеслигата, а во случајов се работи за повремениот хрватски репрезентативец Анте Иванковиќ.

Иванковиќ во моментов е член на Штутгарт, а Бундеслигата ќе ја замени со дресот на македонскиот прволигаш Охрид заедно со Словенецот Тилен Стрмљан.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни