Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер 2 потпиша шетгодишни договори со четворица играчи

Објавено

на

Тимот на Еурофарм Пелистер 2 во текот на вчерашниот ден објави дека нивен нов член е Цветан Кузманоски за да денеска стигне нова информација дека се ангажирани четворица млади играчи.

Имено клубот од Битола соопшти дека Петар Атанасијевиќ, Павле Атанасијевиќ, Стефан Андонов и Ненад Белистојаноски се обврзале на шестгодишна соработка. Тие во таборот на „фармацевтите“ пристигнаа од РК Алушовски од Скопје.

Со овој битолчани продолжија со активностите на градање на тим од кој во иднина првиот состав ќе може да црпи, вади играчи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни