Поврзете се со нас

Шпанија

Пелегрини пред сериозна санкција поради својата изјава по поразот од Реал Мадрид

Објавено

на

Реал Бетис на доста болен начин беше казнет за своите неискористени шанси во првото полувреме, бидејќи Реал Мадрид успеа да се прибере и направи пресврт во вториот дел на „Бенито Вилјамарин“.

„Кралевите“ постигнаа два гола во вториот дел и на крајот славеа со 2:3, но играчите на Бетис и самиот тренер Мануел Пелегрини беа доста лути на одлуките кои ги донесоа судиите и луѓето во ВАР собата.

Системот за видео технологија беше три пати активиран во вторите 45 минути, а секојпат одлуката беше на страна на гостинскиот тим, бидејќи најпрво беше признат голот за 2:2, а потоа беше покажан црвен картон за домаќините и досуден пенал по кој Рамос ги постави конечните 2:3.

Искусниот Пелегрини не го криеше разочарувањето и на свој начин го искажа незадоволството за арбитражата, а тоа сега може да му донесе сериозна санкција.

Фудбалската Федерација на Шпанија денеска информираше дека Пелегрини е пријавен во дисциплинската комисија за изјавата дадена по крајот на мечот, па сега му се заканува казна од четири натпревари.

– Пенал, исклучување, ВАР и Реал Мадрид заедно се навистина многу тешки за победување, – изјави синоќа Пелегрини, кој сега се соочува со голема казна за своите зборови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни