Лига Европа
Пелегрини постигна гол после седум месеци и го прослави со Раниери (Видео)
Лоренцо Пелегрини како капитен на Рома наиде на жесток третман од тифозите на клубот, сето тоа откако се сподели информација дека тој „кумувал“ легендарниот Де Роси да заработи отказ од семејството Фридкин.
Иако оваа вест ја демантираше самиот фудбалер и цело опкружување на клубот, Пелегрини падна во немилост од тој момент и се соочи со многу свирежи на „Олимпико“, но денеска се промени ваквата атмосфера, а главен виновник за тоа е Клаудио Раниери.
Новиот тренер побара од навивачите да застанат зад капитенот и да му дадат поддршка, а тој почувствува дека е вистинско време да блесне откако го остави на клупа на претходните натпревари.
Пелегрини денеска беше стартер против Брага на натпреварот во Лига Европа, но Раниери во ниту еден момент не пожали што го направи тоа.
Лоренцо на довербата одговори со постигнат гол и со извонредни одлуки во завршната третина, па откако го постигна погодокот за 1:0, не пропушти истиот да го прослави со Раниери.
Ова е прв гол за капитенот на Рома по пауза од седум месеци, а истиот беше најава за сигурна победа од 3:0, во која во листата на стрелците се запишаа и Абдулхамид и Ермосо.
Видеото од голот на Пелегрини погледнете го ТУКА
-
Светски првенства22 часа
Лазаров: Мора да поработиме на еден сегмент пред натпреварот со Австрија
-
Светски првенства21 час
ИХФ ги промени сатниците: Македонија двапати ќе игра во непопуларен термин
-
Светски првенства21 час
Реакција на РФМ по случувањата во Вараждин: Дојдовме во мир, а дочекавме грубо да претресуваат жени и деца!
-
Светски првенства23 часа
Кузмановски со величествен гест воодушевил 40 македонски навивачите пред натпреварот со Гвинеја
-
Репрезентација11 часа
Капитенот игра во страшна форма: Кузмановски го изедначи рекордот на Лазаров
-
Шпанија14 часа
Анчелоти за Мбапе: Сега е најдобар напаѓач на светот
-
Шпанија13 часа
Карло со ироничен „поздрав“ до шпанската јавност: Има денови кога играме многу лош фудбал, но Реал и натаму…..
-
Шпанија23 часа
Официјално: Династијата „Флорентино Перез“ доби седмо продолжение во Реал Мадрид (Фото)