Италија
Пелегрини: Ќе останам ако тоа е најдобро за Рома
Рома оствари значајна победа над Брага (3-0) во Лига Европа, победа која беше најавена од капитенот Лоренцо Пелегрини во првото полувреме.
Пелегрини по пауза од неколку натпревари се врати во почетната постава и возврати со погодок по што имаше емотивна прегратка со тренерот Клаудио Раниери.
-Тоа беше спонтан гест, не беше планиран. Го прегрнав затоа што знае кој сум јас и знам кој е. Мислам дека ме играше затоа што знае кој сум. Тој можеше да не насочи кон важен пат, нешто што ни недостигаше претходно, донесе смиреност и поддршка од навивачите. Тешките времиња треба да не зближат, а не да не разделат, -рече Пелегрини кој мина низ тежок период во актуелнава сезона исто како и „волчицата“.
-Таков е животот на моменти. Овој период ме научи неколку лекции и денес беше прекрасно да се ослободиме од тоа. Среќен сум, бидејќи продолжуваме по вистинскиот пат, па потоа можам да славам и гол и тимски настап. Ако ме прашавте претходно како сакам да се движи овој меч, тоа ќе ви го кажев, -истакна Лоренцо кој беше посочен како виновник за отказот на Даниеле Де Роси по што следуваа критики, свирежи од навивачите.
-Не размислувам за тоа. Настрана од сите глупости што се кажани за мене, ние сме група момци кои тренираме секој ден за да дадеме се од себе за Рома. Ќе тренирам 100 проценти, како што правев постојано во овие недели, а уште повеќе за да и помогнам на Рома да победи на секој натпревар.
-Јас сум многу воздржана личност, не се отворам лесно, пред телевизиските камери или зад нив. Ќе останам вака, бидејќи така сакам да бидам. Меѓутоа, илјада пати кажана лага останува лага и никогаш не може да стане вистина. Секогаш ќе мислам на тоа што е најдобро за Рома. Ако она што е најдобро за Рома е да останам, тогаш ќе останам, -заклучи Италијанецот.
-
Англија8 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
Шпанија24 часа
Мамардашвили со катастрофална реакција ја остави Валенсија без победа во Севилја (ВИДЕО)
-
Шпанија15 часа
Мартинез: Знаеме каде да го нападнеме Реал
-
Македонија10 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Шпанија14 часа
Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал
-
Италија15 часа
Консеисао по првиот кикс како тренер на Милан: 13 години сум дел од оваа работа и немам видено нешто полошо!
-
Англија13 часа
Аморим издвои еден играч од својот тим кај кого забележал сериозен напредок: Тој е добар пример за сите
-
Шпанија12 часа
„Ламбрета магија“ на „Ла Росаледа“: Играч на Депортиво го изведе дриблингот кој не му успева на Винисиус (Видео)