Поврзете се со нас

Лига Европа

Пелегрини им се извини на навивачите на Рома: Ова е шлаканица, ќе се вратиме посилни од порано

Објавено

на

Тимот на Рома доживеа вистински дебакл против Бодо Глимт во дуелот од Конференциската Лига на УЕФА.

Калчолигашот загуби со катастрофални 6-1 што дефинитивно е резултат кој никој не го очекуваше, резултат кој е болен за „волчицата“, пораз кој е лоша увертира за дербито против Наполи во Серија А. Фудбалерите на Рома се свесни за срамот, па капитенот Лоренцо Пелегрини се огласи и им се извини на навивачите.

-Можам само нештп да кажам, можам само да се извинам, ќе се вратиме посилни од порано. Си кажавме се што треба во соблекувалната и тоа таму останува. Понекогаш ви треба шлаканица за да научите, а ние денес добивме шлаканица, шлаканица што целосно ја заслуживме. Мораме да се погрижиме да научиме од овој срам и да го задржиме тој став до крајот на сезоната, -рече Пелегрини кој не е загрижен поради убедливиот пораз во Норвешка.

-Не, јас сум лут. Не сум загрижен, не сум разочаран, само лут. Од утре мора да работиме уште повеќе, бидејќи има натпревари на кои треба да победиме, -порача Лоренцо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни