Поврзете се со нас

Италија

Пелегрини: Ако ова е почеток за Рома, тогаш…

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Рома оствари уште една сигурна победа во италијанскиот шампионат и тоа против Монца која беше совладана на „Бриантео“ со 4-1.

„Волчицата“ со ова само потврди дека е во одлична форма, ритам по промената на тренерската позиција, односно доаѓањето на Даниеле Де Роси на местото на Жозе Мурињо.

-Секогаш очекував тој да стане голем тренер. Едно е да мислиш, а друго е да го спроведеш во пракса, а тој ме изненадува со начинот на кој се фокусира на секој детал на тренинзите. Работиме напорно, работиме паметно и резултатите доаѓаат. Сепак, знаеме и дека сè уште ништо не сме постигнале. Ако ова е почеток, тогаш можеме само да сонуваме што би можела Рома да стане, особено во однос на менталитетот, -истакна Лука Пелегрини.

-Ова беше тежок натпревар со многу скриени опасности, ја почитуваме Монца и начинот на игра, но го направивме она што го побара тренерот. Би рекол дека нашиот напредок продолжува позитивно. Работиме секој ден, исто така, за да создадеме единство, бидејќи тоа е основата. Кога ќе ви снема енергија, ќе најдете малку повеќе за да се жртвувате за вашиот соиграч затоа што ви се допаѓа и сакате да помогнете. Среќни сме, добивме одличен натпревар и сакаме да продолжиме вака, -додаде Пелегрини кој беше еден од стрелците против Монца.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни