Пеле му укажа голема чест на Роналдо со честитката за петтата „Златна топка“

pele-322388932

2017-та беше одлична година за Кристијано Роналдо.

Португалецот ја освои втората титула во Ла Лига со Реал Мадрид во мај и потоа во јуни освои уште една титула во Лигата на шампиони. Во октомври, беше прогласен за најдобар фудбалер во изборот на ФИФА. Вечерва, пак, 32-годишникот ја освои „Златната топка“, собирајќи повеќе гласови од Лионел Меси и Нејмар.

Роналдо веднаш прими многу честитки, но изгледа дека најубавата ја доби Пеле. Бразилската легенда, прогласена за најдобар фудбалер на 20. век се одважи со џентлменска порака за Португалецот.

– Четитки за Кристијано за освојувањето на годинашната „Златна топка“. Би сакал да можев да играм во ист тим со тебе! – напиша Пеле на социјалните мрежи.

Facebook Коментари