Поврзете се со нас

Свет

Пеле испрати порака од интензивна нега до цело фудбалско семејство (Фото)

Објавено

на

По успешната операција пред неколку седмици и одстранетиот тумор на дебелото црево, бразилските медиуми вчера одново информираа дека легендарниот Пеле завршил на интензивна нега во болницата во Сао Пауло, вест која ова утро ја потврди и неговото блиско семејство.

Поволна околност е тоа што животот на неповторливиот бразилски напаѓач не е загрозен во овој момент и сите гледаат оптимистички на блиската иднина, за што најдобро говори и пораката која ја испрати и самиот Пеле од интензивна нега.

Пеле добива максимална поддршка од цела светска јавност и од фудбалските фанови со пораки испратени на социјалните мрежи, па сега Бразилецот се обрати преку Инстаграм.

– Пријатели, се уште се опоравувам многу добро. Денеска ме посетија членови на семејството и продолжувам да се смеам секој ден.

– Ви Благодарам за цела љубов која ја добивам од сите вас, – напиша славниот Пеле кој се смета за еден од најдобрите играчи на сите времиња.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pelé (@pele)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни