Пеле: Има само три супер ѕвезди во денешниот фудбал

pele

Еден од најголемите фудбалски асови во историјата на оваа игра, бразилскиот виртуоз Едсон Арантес до Насименто или попознат како Пеле вели оти во денешниот фудбал има само три големи супер ѕвезди.

Двајца од нив сигурно погодувате кои се-Лионел Меси и Кристијано Роналдо, додека третиот лик кој според Пеле е највпечатлив е Нејмар од кого е задоволен од тоа како ја има променето својата игра за доброто на националниот тим.

-Нејмар го промени нашиот на игра во националниот тим. Мораше тоа да го направи, во клубот игра напаѓачки на левата страна, додека за Бразил игра поцентрално како традиционална десетка. Тоа е тешко, ама успеа да ја адаптира неговата игра. Ако погледнете низ светот оние кои се истакнуваат се Роналдо, Меси и Нејмар. Нема други супер ѕвезди. Најважната работа за националниот тим е да бидат организирани како група зошто повеќе нема три-четири топ играчи на секоја позиција. Истото важи и за Германија, чиј акцент повеќе е на колективот. Претходно индивидуалците имаа најголемо значење, сега тоа е променето. Сето тоа е многу слично овие денови, -рече Пеле за „ФИФА“.

Facebook Коментари