Поврзете се со нас

Италија

Пекораро ја „запали“ Италија: Исчезна аудиото меѓу Орсато и ВАР откако Пјаниќ не доби исклучување!

Објавено

на

Јувентус на крајот драматичен начин стигна до титулата во домашното првенство во 2018-та година, бидејќи откако загуби на дербито против Наполи на домашен терен, дочека кикс од „наполитанците“ во дуел со Фиорентина, а од друга страна пак, „старата дама“ забележа неверојатна на гостувањето кај Интер на „Џузепе Меаца“.

Јуве со пресврт успеа да слави со 2:3 и во тие моменти изби на чело на табелата, а потоа ја одбрани и титулата која висеше на конец во ситуациа кога на домашен терен загуби од Наполи на фамозниот меч на кој се прослави Калиду Кулибали. Италијанскиот првак победи во Милано во дерби средба по која се крена голем прав во јавнота, а сега истиот одново е засилен откако поранешнииот обвинител од дисциплинското тело на италијанската Федерација откри дека исчезнал аудио разговорот од судијата Орсато и луѓето во ВАР собата.

Миралем Пјаниќ имаше голема среќа што не заработи втор жолт картон и исклучување по еден дуел со Рафиња, а кога Џузепе Пекораро сакал да отвори истрага на стартот на наредната сезона, добил документација во која недостасувала клучниот аудио разговор (Инаку Пекораро се повлече од оваа функција во 2019-та година).

– Даниеле Орсато беше судија на натпреварот меѓу Интер и Јувентус кој донесе голема тензија. Добив безброј поплаки за неговите перформанси од различни асоцијации и од групи на фанови. Не најдов нешто спорно, но за да бидам сигурен, пробав да отворам истрага. Побарав од Италијанската судиска асоцијација и од Серија А да ја слушнам аудио снимката, односно дијалогот меѓу судијата и ВАР на тој меч. Ми ги дадоа документите на стартот на следната сезона, но имаше изненадување. Единствено недостасуваше она за што бев заинтересиран, недостасуваше аудиото меѓу Орсато и ВАР кога Пјаниќ не беше исклучен. Дефинитивно потребна е поголема транспарентност, – вели Пекораро за „Ил Матино“, интервју со кое дефинитивно ја запали фудбалска Италија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни