Поврзете се со нас

АТП

Пеколот во Њујорк донесе необични сцени: Дрејпер повраќаше на теренот во полуфиналето против Синер (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/usopen

Џек Дрејпер одигра неколку брилијантни поени и беше цврст орев во првите два сета од полуфиналето со Јаник Синер, но мора да се признае дека Британецот многу тешко се справуваше со пеколните услови за игра во Њујорк.

Топлото време и големата влажност направија да видиме неколку несекојдневни епизоди за едно грен слем полуфинале, бидејќи Дрејпер поврати дури ви четири наврати во вториот сет во кој се обидуваше да остане во игра.

Дрејпер имаше проблеми со хидрацијата и во неколку наврати ја стопираше играта, па во дадените ситуации и самиот го бришеше подот со пешкирите.

И покрај поразот во три сета, Џек заслужува пофалби за тоа што остана на теренот и не предаде во ситуација кога не се чувствуваше добро.

– Кога играш против врвен играч како Синер, интензитетот е поголем и нервозата е поголема. Ова беше голема шанса за мене, но бев многу нервозен. Јас сум анксиозна личност и се борам со анксиозност. Знае да ми биде лошо кога ќе дојде до вакви ситуации на теренот, – изјави 22-годишниот Дрејпер по поразот.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни