Поврзете се со нас

Европски првенства

Пеколна ждрепка за нашите репрезентативци: Македонија во „групата на смртта“ на Европското првенство

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација немаше многу среќа на денешната ждрепка за групната фаза од Европското првенство одржана во Будимпешта.

Континенталниот собир ќе се одржи на почетокот на 2022 година во Унгарија и Словачка, а Македонија ќе игра во групата А заедно со две балкански селекции и противникот од квалификациската група Данска.

Освен Данска, противници на нашата репрезентација ќе бидат Словенија и Црна Гора со што јасно може да се каже дека добивме пеколно тешка група за Европскиот шампионат.

Групи Европско првенство:

Група А: Словенија, Данска, МАКЕДОНИЈА, Црна Гора

Група Б: Португалија, Унгарија, Исланд, Холандија

Група Ц: Хрватска, Србија, Франција, Украина

Група Д: Германија, Австрија, Белорусија, Полска

Група Е: Шпанија, Шведска, Чешка, Босна и Херцеговина

Група Ф: Норвешка, Русија, Словачка, Литванија

Пласман во главната фаза на еврошампионатот ќе обезбедат најдобрите две селекции од секоја група.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни