Пеколен триаголник: Интер, Наполи и Рома може да разменат по еден напаѓач

edin-radost

Полека се ближи почетокот на италијанското првенство, а клубовите ќе се обидат што побргу да ги комплетираат своите состави, за играчите да имаат подолго време за адаптација со новиот тренер и соиграчи.

Италијанските медиуми шпекулираат дека неколку реални ситуации може да доведат до трансфер „триаголник“ меѓу клубови како Интер, Наполи и Рома, со што секој од нив би загубил и би добил по еден квалитетен напаѓач.

Рома не може да го задржи Един Џеко кој по секоја цена сака да оди во Интер, а од друга страна, клубот од Милано сака да се ослободи од Мауро Икарди. Во вакво сценарио Икарди би заминал во Наполи, клубот кој го посакува во својот напад и чиј тренер Карло Анчелоти не штеди комплименти за Аргентинецот.

Местото на Џеко во Рома пак би го заземал Аркадиуш Милик, кој откако побара договор со поголема плата, останува отворен за трансфер и Наполи не би жалел да го жртвува за Икарди.

Facebook Коментари