Поврзете се со нас

Англија

Пеколен финиш на „Викариџ Роуд“: Чилвел отвори со „ракета“, Доусон израмни со „ножички“ (ВИДЕО)

Објавено

на

Без победник и со два атрактивни погодоци во самиот финиш заврши првиот меч од денешната програма во Премиер лигата помеќу екипите на Вотфорд и Лестер.

Двете страни се обидуваа да дојдат до гол, но тоа успеаа да го направат дури во 90 минута, судиското продолжение. Прво левиот бек на гостите Чилвел со фантастична „ракета“ донесе предност за „лисиците“ во 90 минута, предност која траеше до 93 кога стоперот на домаќините Крег Доусон одлично се снајде во казнениот простор и со ножички ги постави конечните 1-1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни