Поврзете се со нас

НБА

Пејтон се пофали дека го запрел Џордан, Мајкл прсна од смеење (ВИДЕО)

Објавено

на

Во новите епизоди од документарецот „Последниот танц“ се проговори за НБА финалето од 1996 година кога Чикаго Булс успеа да слави над Сиетл Суперсоникс со 4-2.

Во таа серија „биковите“ предводени од Мајкл Џордан водеа со 3-0 за да Сиетл ја врати неизвесноста и слави на наредните две средби за да на 16 јуни Чикаго со триумфот од 87-75 стави точка и ја прослави титулата.

Една од главните ѕвезди на Сиетл во тоа време беше Гери Пејтон, играч кој беше познат по својата кавлитетна игра во двата правци. Особено беше добар во одбраната, па во „Последниот танц“ проговори за битката со Џордан, односно дека жали што не почнал многу порано да го чува, притисна во финалето.

Тој смета дека го успорил Мајк по водството од 3-0, изјава, став која Џордан директно ја виде и ја искоментира со голема насмевка и дефинитивно со ова ќе се родат нови мемиња со легендата.

-Ракавицата (прекарот на Гери Пејтон). Немав проблеми со ракавицата. Немав проблеми со Гери Пејтон. Имав многу други работи во мојата глава, -истакна летечкиот Мајк.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни