Поврзете се со нас

Мото ГП

Педроса се враќа во Мото ГП: Легендарниот Шпанец ќе вози на Ред Бул ринг

Објавено

на

Дани Педроса стави крај на кариерата во 2018-та година, но како човек кој работи на развојот на КТМ и важи за тест возач на овој тим, сега реши да направи еден авантуристички кам-бек во Мото ГП.

Искусниот Шпанец доби „вајлд-карта“ од трката за Големата награда на Штаерска и ќе се врати на патеката викендот од 6-ти до 8-ми август, па така ќе го има своето деби на една голема трка како официјален возач на КТМ на познатата патека Ред Бул ринг.

Педроса ја заврши својата кариера со 31 победа и 112 подиуми во 13 сезони во „кралската класа“, но сега ќе се врати за една трка и повторно ќе биде дел од мотоциклистичката елита.

– Беше навистина интересен за мене овој изминат период, работев на проектот за развој на КТМ и сега Мото ГП ми овозможи ново искуство на патеката. Мина многу време од мојата последна трка во Мото ГП и ќе видиме како ќе изгледам на патеката.

– Мојата цел е да ги испробам работите кои ги развиваме и на трката и се надевам дека брзо ќе се навикнам на условите на патеката и метежот во недела, – изјави Педроса.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни