Педроса побрз од Довициозо, Маркез ќе стартува од третиот ред во Сепанг

dani-pedrosa1

Дани Педроса ги изненади фаворитите во квалификациите за Мото ГП трката во Сепанг и ќе стартува од пол-позицијата која е трета за него сезонава.

Педроса извозе најбрз круг и тоа пре Јоан Зарко и Андреа Довициозо кои имаа мало заостанување и ќе бидат дел од првиот ред. Зад нив е Валентино Роси, по што следуваат Вињалес, Лоренцо и Марк Маркез кој ќе мора да брка добар пласман од седмата позиција.

Шпанецот падна во текот на квалификациите, па смената на моторот му украде значајно време и не успеа да оствари резултат каков што посакуваше. Пред трката во Малезија, Маркез има предност од 33 поени пред Довициозо.

Facebook Коментари