Педроса отфрли примамлива понуда и предвреме стави крај на Мото ГП кариерата!

pedrosa-1

Дани Педроса е еден од најомилените возачи во падокот поради својата харизма и насмевка која плени без разлика на сите проблеми кои ги имаше во кариерата, па токму поради тоа, денешната одлука која ја донесе за својата иднина ги растажи возачите и фановите во Мото ГП.

Педроса како огромен талент влезе во Мото ГП и беше најавен како возач кој има шампионски амбиции, но сепак тешките повреди и неговата неприродна конституција за волку тежок спорт си го направија своето и тој никогаш не успеа да го достигне зенитот во „кралската класа“.

Секојпат кога се бореше за титула, Педроса заработуваше незгодна повреда, а веќе неколку години во Хонда е во сенка на феноменалниот Марк Маркез кој се претвори во вистински лидер на јапонскиот гигант во мотоциклизмот. Пред извесно време стана јасно дека Хонда нема да му го продолжи договорот на Педроса (негова замена е Хорхе Лоренцо), а иако Јамаха му понуди место во својот нов сателитски тим кој ќе го има во новата сезона, 32-годишниот Шпанец одлучи предвреме да замине во пензија кога се во прашање настапите во Мото ГП.

– Она што беше клучно да донесам ваква одлука е интензитето кој го имав некогаш на трките и денеска. Сега е многу поразлично од порано и мојот приоритет веќе не е Мото ГП. Сакам да бидам искрен со самиот себе, порано ги доживував трките поинаку, сакам да дадам се што можам, но сега е поинаку. Сакам да бидам реален и со проектот кој ми беше понуден, мислам дека ова е вистинскиот пат, – истакна Педроса.

Facebook Коментари