Педроса и Гасол се сретнаа на Монтмело, па изрежираа слика за паметење (Фото)

gasol-honda

Хорхе Лоренцо беше најбрз на Монтмело и ја освои пол-позицијата во пресрет на утрешната Мото ГП трка во Каталуња, а позитивен гостин на денешните квалификации во Барселона беше и легендарниот шпански кошаркар Пау Гасол.

Гасол е голем вљубеник во спортот и обично е дел од секој важен настан во својата родна земја, а денеска најмногу го привлече вниманието со фотографијата која ја направи со Дани Педроса. Возачот на Репсол Хонда кој утре ќе стартува само 11-ти му се заблагодари на Гасол за постојаната поддршка, но на фановите во фокусот им се најде нивата разлика во висината.

Малиот Педроса брои само 158 сантиметри, а од друга страна, „џинот“ Гасол е висок 2 метра и 13 сантиметри…

Facebook Коментари