Поврзете се со нас

Италија

Педро ќе треба да ја наполни касата на Рома ако го продолжи договорот со Лацио

Објавено

на

foto: thelaziali.com

Ветеранот Педро Родригез е во последните месеци од актуелниот договор со калчолигашот Лацио, односно е неизвесно дали ќе остане во сегашната средина по крајот на сезоната.

Има интерес кај двете страни за продолжување на соработката, но останува да се види дали тоа ќе се случи или поточно според медиумите истото зависи од тоа дали Лацио ќе обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Ако остане сегашната состојба тоа значи дека лацијалите ќе играат во елитното натпреварување, а Шпанецот ќе добие нов договор кој пак лично на него ќе му донесе долг кон Рома.

Имено „Ил Месаџеро“ пренесува дека Педро ќе мора да и исплати еден милион евра на „волчицата“ како дел од договорот кој двете страни го направија во 2020 година. Напаѓачот стана прв играч од 1985 година кој од Рома преминал во Лацио, односно му беше дозволено да замине во големиот ривал со тоа што според договоренео ако тој се реши да остане повеќе од првичната зделка (меѓу него и Лацио) тој ќе мора да му исплати обештетување на актуелниот освојувач на Конференциската лига на УЕФА.

Педро има 35 години, во досегашната кариера има играно уште за Челси и Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни