Шпанија
Педро го посочи главниот виновник за неговиот лош крај во Барселона: Немав поддршка од тренерот, си заминав со трн во око
Педро најдобрите играчки денови ги имаше како член на Барселона каде беше важен дел од првиот тим на каталонците, период во кој успеа да освои се што може да се освои на клупски план.
Поранешниот шпански репрезенетативец оттогаш смени неколку средини и играше за Челси, Рома и Лацио, а во моментов се уште е дел од „лацијалите“ и ја чека новата сезона пред да наполни 37 години.
Искусниот Педро мина седум години во првиот тим на Барса пред да биде продаден на Челси за 30 милиони евра, трансфер кој не се случил по негова желба, но кој бил неизбежен поради лошата комуникација со Луис Енрике, тогашниот тренер на првиот тим.
– Мора да признаам дека од Барса си заминав со трн во око. Останав на еден гол од јубилејни 100 во Барселона. Чави ми велеше дека јас ќе го изведам пеналот доколку дојде до такво нешто, но на крајот останав на 99 и не ја заокружив таа убаваи сторија со 100-ти гол.
– После тоа, дојде моето збогување од Барса. Моето заминување беше тешко, Барселона е клубот на мојот живот и таму минав многу години. Претседателот стоеше зад мене, но немав поддршка од Луис Енрике. Тој не стоеше зад мене, но на крајот си заминав исполнет со многу љубов од соиграчите и навивачите, – открива Педро.
-
Англија23 часаНапаѓачот го напушта „Енфилд Роуд“: Нуњез кажа „Да“ за понудата од Саудиска Арабија!
-
Италија22 часаКонечно е постигнат договор, Мората се враќа во Италија!
-
Англија14 часаСколс за летното засилување на Арсенал: Дали Артета навистина го сакаше? Дали ќе биде…
-
Англија24 часаНов пораз за „топчиите“: Арсенал доби „тројка“ од Вилјареал на „Емирејтс“ (ВИДЕО)
-
Шпанија8 часаЕкс играч на Барселона кој погоди и на „Ел Класико“: Еден човек во клубот ми ја уништи кариерата
-
Англија13 часаСуперкомпјутерот пресмета кој има најголеми шанси за титулата во Премиер лигата
-
Италија10 часаМодриќ имаше интересно прашање за Пулишич на нивната прва средба (Видео)
-
Италија11 часаТехничкиот директор на Јувентус открил зошто клубот го променил пристапот со играчите кои се на трансфер листата