Поврзете се со нас

Лига Европа

Педри за споредбата со Меси: Нема шанси, Лео има дадено многу подобри голови (ВИДЕО)

Објавено

на

Барселона оствари победа во Истанбул над Галатасарај, победа од 2-1 која беше доволна за пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Каталонцитете губеа во Турција, но во своите редови го имаа расположениот Педри кој ги влечеше сите конци на теренот, а особено се истакна во првото полувреме со мајсторскиот гол во 37минута кога ги легна на тревата дефанизвците на домаќините пред да ја смести топката во мрежата.

-Нема шанси. Меси има дадено многу подобри голови. Лудост е да ме споредувате во Меси. Не го паметам голот, ќе морам повторно да го видам. Паметам дека Феран му ја даде топката, направив финта бидејќи видов нога, потоа повторно и шутирав.

-Работите едноставно му доаѓаат на теренот. Среќен сум што не морам да размислувам на теренот, -порача скромниот Педри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни