Поврзете се со нас

Шпанија

Педри за историскиот пораз на Барса: Кога ваков тим ќе ти даде гол…..

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Барселона има биланс од три победи, две реми средби и една победа на последните шест меча во шпанската Лига Лига, учинок кој направи драматично да се стопи предноста која ја имаше каталонскиот великан пред Реал и Атлетико.

Вчерашниот шокантен пораз од Леганес на домашен терен направи тимот на Ханси Флик да остане без бодовна позитива во однос на Атлетико кој сега е второпласиран, но најмногу загрижува кризата во која западнаа ѕвездите кои до „Ел Класико“ и после тој натпревар изгледаа непогрешливо во Ла Лига.

Барса не успеа да постигне гол во мрежата на Леганес и како клучен се покажа погодокот од 4-та минута во мрежата на Ињаки Пења, момент кој секако предизвика лутина кај навивачите на трибините, па и одредени свирежи.

Педри беше еден од играчите кои говореле пред новинарите по историскиот прв пораз од Леганес на домашен терен, при што офанзивниот играч за врска не го криел разочарувањето.

– Ова е навистина големо разочарување и натпревар за заборав. Невозможно е да си одите задоволни после ваков меч. Спиевме на стартот на мечот и примивме гол, потоа креиравме доволно шанси, но немавме доволно свежина за завршен удар.

– Мора подобро да влегуваме во натпреварите и да не бидеме толку релаксирани. Кога ваков тим ќе ти даде гол, почнуваат да играат со сите играчи во одбрана и станува нависитна тешко. И покрај тоа, создадовме шанси, но немавме чисти идеи пред противничкиот гол. Мора да бидеме многу подобри од ова, вистина е дека влеговме во лоша серија на резултати.

– Ни се собраа многу натпревари во низа, но тоа не е изговор за нас. Мора да играме со иста полетност и самодоверба како што го правиме тоа во Лигата на шампиони, без оглед на противникот кој го имаме спроти нас, – изјави Педри.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни