Поврзете се со нас

Шпанија

Педри со прекрасна вест за фановите на Барса: Следат многу добри времиња за нас (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Педри имаше навистина тешка сезона и продолжи со повредите и на Европското првенство кое на крајот не го одигра целосно, но тренерската промена во Барселона влијаеше нависитна позитивно врз офанзивниот играч.

Новиот кондициски тренер кој дојде со Ханси Флик го стави Педри на специјален режим пред стартот на сезоната, па не само што не се повредува, играчот за врска сега е и блиску до својата најдобра форма.

Позитивните шест месеци кои ги остава зад себе направија Педри многу помирно да мисли и за својата иднина, а денеска стави крај на неизвесноста со потпис на нов договор со каталонскиот великан.

Педри парафираше на договорот во времетраење до 2030-та година, по што нагласи и дека се наоѓа во најдобра фаза во својата кариера.

– Новиот договор е нешто најубаво што ми се случило во последно време, е не станува збор за краток период. Долго време не сум се чувствувал вака, уживам во фудбалот, уживам во тоа што најмногу го сакам.

– Клубот вложи многу во мене, а јас сега треба да возвратам со добра игра и освоени титули. Барселона е создадена за тоа, ние сме клуб создаден да освојува титули. Имаме многу добар млад тим, за неколку години ќе бидеме уште подобри. Следат добри времиња за навивачите на Барселона, – порачува Педри.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни