Поврзете се со нас

Европски првенства

Педри со посебен респект за Модриќ: Има нешто што не се гледа на тв

Објавено

на

Foto:twitter.com/SEFutbol

Натпреварот меѓу Шпанија и Хрватска е еден од поинтересните во првото коло на групната фаза на Европското првенство, а резултатот ќе биде важен и за двете репрезентации во обидот да изборат што подобар пласман во групата.

Во пресрет на соочувањето на многу фудбалски мајстори на двете страни, помладиот Педри го истакнал својот голем респект за ветеранот Лука Модриќ, кој е предводник на „коцкестите“ и на ова ЕП.

– Секогаш кога играм против Модриќ, сфаќам колку е тешко да му биде одземена топката, како да ја лепи на копачките.

– Има уште нешто кое не се гледа на телевизија, а тоа е колку брзо може да го промени ритамот и да стигне до брзина од 20 км/ч со топка.

– Тука е и фактот како игра со топка со внатрешниот дел од стопалото и колку зрело ги избира потезите, – изјавил Педри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни