Поврзете се со нас

Шпанија

Педри предложи шпански соиграч до управата на Барса: Тој ќе биде спектакуларно засилување за нас!

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcbarcelona

Педри имаше турбулентна сезона на индивидуален план со доста претрпени повреди, но и покрај тоа, успеа да остане здрав за Европското првенство на кое Шпанија изгледа како најразиграна репрезентација.

Фудбалерот на Барселона е дел од генерацијта на Шпанија исполнета со многу талентирани фудбалери, а еден од нив привлекува посебно внимание на турнирот во Германија, крилниот напаѓач Нико Вилијамс.

Помладиот од браќата Вилијамс е предодреден да направи голем трансфер ова лето, па сега Педри ги повика Жоан Лапорта и Деко да направат се што е во нивна моќ да го донесат на „Камп Ноу“.

Фановите сонуваат за тандем на крилата како оној во шпанската репрезентација, односно Ламин Јамал на десната, а Нико на левата крилна позиција.

– Нема сомнеж, Нико Вилијамс би бил спектакуларно засилување за Барселона. Би било неверојатно ако ни се приклучи. Тој е играч кој веќе докажа што може да направи на големата сцена и се надевам дека ќе ни се приклучи во блиска иднина, – вели Педри во интервјуто за „Мундо Депортиво“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни