Поврзете се со нас

Шпанија

Педри правеше чуда во средниот ред, Барселона прашува: Каде ти е магичното стапче? (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Барселона не одигра најдобар натпревар против Рајо Валјекано и се намачи да го скрши отпорот за да освои три бода, но откако ги освои истите, стана јасно дека каталонците се нови лидери во Ла Лига.

Барса ја искористи серијата од три меча без победа на Реал за да се израмни со лутиот ривал, а подобрата гол-разлика прави тимот на Ханси Флик да биде водечки во овој момент.

На вчерашниот натпревар на „Монжуик“, клучен момент беше пеналот кој во гол го претвори Роберт Левандовски, но покрај погодокот и неколкуте спорни моменти, видовме и неколку технички потези од кои застанува здивот.

Дани Олмо потсети на Денис Бергкамп со својата минијатура во шеснаесетникот, меѓутоа расположен за игра беше и Педри.

Офанзивниот играч за врска режираше низа мајсторски потези во средниот ред, но во една ситуација успеа да се снајде и да издоминира со својата послаба лева нога.

– Каде ти е магичното стапче?, – гласи описот на Барса за мајсториите на Педри.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни