Поврзете се со нас

Шпанија

Педри: Повторно ни се случи истото против Атлетико

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Педри повторно беше еден од најдобрите и најинспирираните играчи на Барселона, но токму во моментите кога беше подготвена неговата измена, Атлетико Мадрид се врати во дербито со голот за 4:3.

Без Педри на теренот, Атлетико загосподари во самата завршница и на крајот успеа да се избори за неверојатни 4:4 во лудото дерби кое се одигра на „Монжуик“, а офанзивниот играч за врска мораше да гледа од клупата како неговите соиграчи повторно испуштаат од раце одличен натпревар против „душекџиите“.

Атлетико на сличен начин освои огромни три бода во Ла Лига на крајот на 2024-та година, а сега иако не победи, ремито од 4:4 сериозно го остава во игра за пласман во финалето.

– Ова не е полош резултат од оној во домашното првенство, но кога водите 4:2, навистина тешко е да прифатите реми. Истото ни се случи и во Ла Лига, потфрливме во последните минути и го повторивме тоа. Мора да учиме од вакви работи, мора да ја држиме топката во наш посед во вакви моменти и да не ја поместуваме последната дефанзивна линија толку високо во завршните минути.

– На последните два натпревари со Атлетико изгиравме извонредно, а овојпат се вративме после два тешки удари на самиот старт. Треба да бидеме горди на реакцијата која ја покажавме и да тргнеме од тоа кога ќе го играме реваншот. Јасно е дека ќе одиме на се или ништо на реваншот, тешко е да не победи било кој тим кога сме во најдобра форма. Ќе биде тешко да се игра против Атлетико на негов терен, но ќе одиме по победа, – изјави Педри.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни