Поврзете се со нас

Шпанија

Педри посочи што Барселона губи со повредата на Гави: Без него…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcbarcelona

Барселона долго време нема да може да смета на услугите на Гави кој заработи потешка повреда на коленото и ако се биде како што треба ќе се врати дури во наредната сезона.

Неговата повреда дефинитивно е проблем за каталонците и тренерот Чави Ернандес со оглед на тоа што во екипата нема играч со слични карактеристики, па како група ќе мора да најдат друго решение и да го надополнат неговото отсуство.

Во првата средба без него Барса не успеа да дојде до победа против Рајо Валјекано и останува да се види како ќе се снајдат и во престојните соочувања со Порто, Атлетико Мадрид, Џирона…

Педри многу добро го познава Гави и директно посочи што шпанскиот тим губи со неговото отсуство.

-Му испратив многу охрабрување бидејќи знам како е да се биде повреден, иако мојата не беше толку долго (пауза). Знам како е за фудбалер да не може да игра. Без Гави губиме многу работи. Многу одлучност е изгубена, а исто така и многу љубов кон грбот.

-Лично се чувствувам добро, подготвен да го подигнам темпото потребно за да се натпреварувам секој ден и да ги оставам повредите зад себе, -порача Педри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни