Шпанија
Педри по новото МВП издание: Не го разбирам критериумот на судиите

Педри Гонзалес игра во неверојатна форма во последно време и вчеравечер се презентираше на најдобар можен начин на гостувањето во Севилја, натпревар на кој играчот за врска повторно го доби МВП признанието.
Педри брилјираше со својата визија и точноста во пасовите и сосема заслужено беше избран за најдобар на теренот, а во завршната фаза од мечот, покажа и пожртвуваност како и сите останати соиграчи на теренот.
Барса остана со играч помалку по исклувањето на Гави и мораше да се бори со 10 фудаблери на теренот, но и во такви услови, каталонците постигнаа уште еден гол, оној за 1:4.
– Играме многу добро во последно време, а сега и со играч помалку останавме стабилни и компактни. Бевме добри како блок и правевме штета кога ја имавме топката во нозе.
– Што се однесува до црвениот картон на Фермин, јас веќе навистина не ги разбирам судиите. На последниот меч со Валенсија ми влегоа со полош старт и тоа не беше црвен картон. Треба да има изедначен критериум за ситуации слична како оваа. Ако е црвен, тогаш е црвен, но така треба да биде за сите, – порачува Педри.
-
Свет22 часа
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Англија17 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Шпанија23 часа
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена
-
Балкан10 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија23 часа
Мота: Оставка? Тоа е премногу лесно…
-
Англија18 часа
Руни бил блиску да игра за друга репрезентација: Тоа ќе беше одлично
-
Италија22 часа
Гасперини: Судијата го уништи натпреварот со Интер
-
Англија20 часа
Постекоглу влезе во конфликт со навивач на Тотенхем, Тел мораше да ја смирува ситуацијата (ВИДЕО)