Поврзете се со нас

Шпанија

Педри по новиот кикс на Барселона: Сега ќе мора да…

Објавено

на

foto:x.com/elchiringuitotv

Барселона има многу лоши резултати во Примера во изминатиов период, а последниот тим кој им зема бодови беше Хетафе.

Каталонците иако создадоа доволно шанси за да слават во Мадрид, на крајот мораа да се задоволат само со реми од 1-1. Ова е најновиот кикс на избраниците на Флик во шампионатот кои не непрепознатливи од месец ноември, па така загубија од Реал Сосиедад, Лас Палмас, Леганес, Атлетико Мадрид, ремизираа со Селта Виго и Бетис, а ја добија само Мајорка.

Со овие резултати Барса падна на третото место и ако Реал Мадрид победи денеска тогаш ќе има седум бода помалку во однос на лутиот ривал.

-Веројатно треба да бидеме совршени и да ги добиеме сите преостанати натпревари за да можеме да се опоравиме во Ла Лига, -истакна искрениот Педри.

-Секогаш е тешко да се игра против Хетафе. Се бранат со низок блок. Тоа е комплицирано. Но, требаше подобро да го одбраниме нашето водство, -дополни шпанскиот репрезентативец.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни