Поврзете се со нас

Шпанија

Педри откри која е најголемата лекција која ја научил од Меси

Објавено

на

Младиот Педри од година во година, од сезона во сезона добива се поголема улога во Барселона што секако не е лесно затоа што се работи за клуб во кој секогаш се бара успеси.

Каталонците низ изминативе сезони минуваа низ турбулентен период во кој останаа и без главната ѕвезда Лионел Меси. Меси беше принуден да си замине од клубот поради финансиски причини и потпиша за ПСЖ, но додека беше на „Камп Ноу“ имаше можност да им подели некој совет, лекција на помладите колеги кој ќе го паметат.

-Меси ни даваше совети како да бидеме мирни за време на натпреварите. Секогаш ни велеше да се чувствуваме слободни на теренот. Лео Меси е најдобриот играч што сум го видел. Тоа што имав шанса да играм со него е чест. Тој секогаш имаше одличен однос кон мене и се однесуваше многу добро со мене од моментот кога го запознав, -порача Педри кој би сакал да игра со Аргентина во финале на СП.

-Аргентина на Меси. Би сакал финале Шпанија – Аргентина на Светското првенство. Сакам да играм против Лео, никогаш не сум играл против него. Би било одлично, -рече Шпанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни