Поврзете се со нас

Шпанија

Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Барселона и Реал Мадрид денеска ќе понудат реприза на минатогодишното финале во Ријад, со тоа што овојпат завршницата во Суперкупот во Саудиска Арабија се игра во Џеда.

Големите ривали се погрижија за нова „Ел Класико“ пресметка со своите победи во полуфиналето, па така фановите вечерва ќе можат да уживаат во дуел во кој играчите традиционално влегуваат со голем мотив.

Овој натпревар не е обичен за ниту еден играч од двата тима, но Педри како повеќегодишен член на првиот тим открива дека во Барселона посебно наострени се оние играчи кои доаѓаат од Ла Масија школата како Гави, Касадо, Кубарси и Јамал.

– Секој е посебно мотивиран кога игра „Ел Класико“, но можам да ви кажам дека гледам екстра мотив кај играчите кои доаѓаат од Ла Масија.

– Јас не сум од Ла Масија школата, но секогаш сум навивал за Барселона од најмали нозе. Сите сакаат да го играат овој меч, но играчите од Ла Масија се екстра мотивирани, – потенцира Педри и додава.

– Не чека комплициран меч, знаеме дека тие сакаат да ни се реваншираат за поразот во Ла Лига. Мора да се обидеме да доминираме на натпреварот, а истовремено да се пазиме од нивните контри. Треба да го контролираме мечот и да не дозволиме да ни нанесат штета со противудари, – завршува играчот за врска.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни