Поврзете се со нас

Шпанија

Педри: Можеме да направиме само една работа за Чави до крајот на сезоната

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона се врати на победничките патеки во домашното првенство и вчера минимално ја совлада Осасуна со 1:0, натпревар на кој каталонскиот гигант не брилјираше, но на кој изгледаше далеку постабилно во одбрана.

Откако прими пет гола од Вилјареал, Чави очигледно побара од своите играчи повеќе да внимаваат на својата мрежа, а еден гол на зимското засилување Витор Роке се покажа како доволен за три бода.

Чави по мечот нагласи дека е задоволен од реакцијата на неговите фудбалери, кои изминатите неколку дена минаа низ навистина тешки моменти поради неговото најавено повлекување.

– Ова е недела која не е баш нормална за нас играчите. Чави донесе одлука дека си оди по крајот на сезоната, сега останува само едно, да дадеме се од себе за него до крајот на сезоната. Тој ни помогна многу на сите и треба да дадеме се за него и за тимот до крајот на сезоната. Знаеме дека ги брои последните натпревари како тренер на Барселона и треба да бидеме уште помотивирани, треба да го испратиме со победи до крајот на сезоната, – изјави Педри.

– Титулата во Ла Лига? Ситуацијата сами си ја закомплициравме, но сум гледал како се прават и поголеми пресврти. Ќе се обидеме да победуваме на секој меч и останува да се надеваме дека екипите кои се пред нас ќе почнат да киксирааат, – додаде играчот за врска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни