Поврзете се со нас

Шпанија

Педри испрати јасна порака по шокантните турбуленции во Барселона (Фото)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcbarcelona

Барселона приреди ново непријатно изненадување за своите навивачи, овојпат на „Монжуик“ каде тимот на Чави Ернандес играше за првпат од крајот на 2023-та година.

После 38 дена пауза, Барса одигра меч на домашен терен, но истиот нема по добро да се памети не само поради резултатот, туку и поради изјавата која ја даде тренерот.

Чави најави заминување по крајот од сезоната и откри дека пред него се последните месеци како тренер на каталонскиот гигант, па јасно е дека ова предизвика многу реакции и кај самите фудбалери кои потфрлија со своите настапи.

Поразот од 3:5 на домашен терен дефинитивно не е прифатлив за стандардите кои ги има поставено Барселона, по што Педри реши да излезе со јасна порака која беше репостирана и од клубот.

– Ова се многу тешки денови за сите. Треба да престанеме со изговори и да бидеме критички настроени кон самите себе, само така ќе се извлечеме од ова. За тренерот, за тимот, но пред се, за клубот и за вас фановите, – порача Педри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни