Поврзете се со нас

Шпанија

Педри испрати емотивна порака по заработената повреда и му одговори на Крос (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/SEFutbol

Педри беше сигурен стартер за Шпанија во досегашниот тек на шампионатот, на младата ѕвезда на Барселона нема да може да им помогне на своите соиграчи до крајот на турнирот во Германија.

Офанзивниот фудбалер доби незгоден удар од Тони Крос и многу рано го заврши мечот со Германија, но потоа стана јасно дека за него е завршено и Европското првенство.

Педри ќе се опоравува неколку недели од повредата на коленото, меѓутоа неговиот план е да остане во Германија со тимот до самиот крај и да биде морална поддршка.

– Дојдов во Германија за Европското првенество и ќе останам тука до крајот. Сонот продолжува. Оваа седмица ми преостанува да ги поддржувам соиграчите ена друг начин.

– Го минав најтешкиот момент, сега почнува периодот за брзо враќање на терените за наскоро да бидам фит за Барселона, – изјави Педри, кој му одговори на Крос кој вчера му се извини за нанесената повреда.

– Тони Крос, ти благодарам за пораката. Ова е фудбал и вакви работи се случуваат. Твојата кариера и твоите трофеи ќе се паметат засекогаш. За крај, ќе кажам само една работа. Напред Шпанија!, – порача Педри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни