Поврзете се со нас

Шпанија

Педри ги избра најдобрите 11 и приреди две изненадувања со легенди на Реал Мадрид: Овој тим сигурно победува (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Педри поради нова повреда ја пропушти завршницата од 2023-та година и сега минува низ период на рехабилитација, па иако не се знае кога точно ќе се врати на терените, офанзивниот фудбалер даде оптимистичка прогноза во Твич гостувањето кое го имаше кај Ибаи Ланос.

Младата ѕвезда на Барселона гостуваше во емисијата на познатиот јутјубер и посочи дека набрзо ќе се врати на терените, но од долгиот разговор, за истакнување е и изборот кој го направи.

Ланос побара од Педри да ги избере најдобрите 11 играчи во историјата, односно да состави тим од фудбалери кои тој смета дека се најдобри.

Педри го преформулира прашањето и посочи дека ќе бира од најдобрите кои тој можел да ги гледа, па во идеалниот тим се најдоа дури девет играчи на Барса, но и две легенди на Реал Мадрид.

На голот е Тер Штеген, во одбраната се Дани Алвес, Жорди Алба, Пике и Рамос, во средината се Бускетс, Чави и Иниеста, а во нападот покрај Меси и Нејмар, го вклучи и Кристијано Роналдо.

При избирањето на тимот, Педри посочи дека комотно во тимот може да се најде и Пујол како вистински капитен, но и Роналдињо кој сепак во неговиот избор се најде во втор план во однос на Нејмар.

За тренер на овој тим го избра Луис Енрике и на крајот порача: Овој тим сигурно победува!

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни