Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Педри: Барселона е најдобриот тим на светот

Објавено

на

foto: twitter.com/Pedri

Барселона се избори за значајна победа во мечот со Пари Сен Жермен во Париз, победа од 3-2 со која се стави во добра позиција за пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Каталонците водеа, но и губеа на овој натпревар, поточно се соочија со различни ситуации, покажаа карактер и дојдоа до победа која дефинитивно ќе им значи за преостанатиот дел од сезоната.

Педри Гонзалес се врати за овој меч и тоа со асистенција за погодокот на Рафиња за 2-2.

-Чави само ми рече да излезам целосно подготвен психички за да можам да му помогнам на тимот. Сакавме да го притиснеме Пари Сен Жермен на нивната половина. Влегов на теренот многу ентузијастички и со желба да му помогнам на тимот. Тоа додавање до Рафиња за голот беше одлично. И двајцата тренери го сакаат напаѓачкиот стил и тоа се гледа во играта, -рече Педри и додаде:

-Дојдовме во Париз да се надигруваме со Пари Сен Жермен и мислам дека докажавме дека сме еден од најдобрите тимови во светот. Всушност мислам дека ние сме најдобриот тим. Дојдовме да победиме и успеавме, но ни претстои тежок реванш, заклучи Шпанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни