Поврзете се со нас

Македонија

Пецаковски: Вакво другарство немам видено во друг клуб, Пролет може да обезбеди пласман во Европа

Објавено

на

Поранешниот македонски репрезентативец, Дејан Пецаковски од оваа година е дел од составот на Тинекс Пролет.

Тој во овој клуб треба да донесе квалитет и искуство, а тоа веќе го направи на самиот старт на шампионатот каде ќе наметна како лидер во составот на Матлиески. Пецаковски е задоволен од почетокот, но и тимската хемија која според него е навистина завидно ниво.

Да бидам искрен, презадоволен сум што сум дел од Тинекс Пролет. Пред се сум воодушевен од тимската хемија, слободно можам да кажам дека пријателството што владее меѓу сите ракометари во клубот, такво нешто немам видено досега. Нашите добри игри и резултати се одраз токму на извонредниот колектив што е создаден, а во кој ние како нови ракометари експресно се вклопивме, -истакна Дејан кој воедно смета дека тој и соиграчите имаат се што е потребно за да дојдат до местата кои водат во Европа во наредната сезона.

Верувам дека можеме, дека имаме квалитет да стигнеме до четвртото место кое ќе значи и пласман во европските натпреварувања. Како што реков, тимскиот дух е наш главен адут, на голот го имаме одличниот Ангелов, добро сме покриени на речиси сите позиции. Вистинска штета е што Филип Василевски реши да си замине бидејќи со него ќе имавме уште поголема цврстина во одбраната. Сепак, и вака имаме квалитетен состав со кој сигурно ќе имаме што да кажеме во борбата за излез во Европа, кога ќе дојде до тие натпревари. Засега, приоритет ни е да продолжиме со добри игри и што поскоро да обезбедиме влез во плејофот, порача искусниот бек за клупскиот сајт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни