Поврзете се со нас

Македонија

Пецаковски стави крај на кариерата

Објавено

на

foto: www.rkprolet.mk/

Поранешниот македонски репрезентативец, Дејан Пецаковски стави крај на активната играчка кариера.

Некогашниот ас на Вардар, Металург и Пелистер во последните неколку години беше дел од Тинекс Пролет од каде заминува во пензија.

-Тинекс Пролет како клуб му врачи благодарница на Пецаковски за неговиот придонес во изминатите години, што му беше врачена од страна на претседателот Кадиевски и директорот Огњеновски на последниот тимски собир со кој беше заокружена оваа натпреварувачка сезона.

-На Дејан Пецаковски му посакуваме се најдобро во иднина, со надеж дека патиштата би можеле наскоро повторно да ни се спојат, -порачаа од скопскиот прволигаш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни