Германија
Павловиќ призна: Не можевме да излеземе од нашата половина поради тактиката на Алонсо

Баерн Минхен само вторпат во последните 20 години не испрати шут кон голот на натпревар во Бундеслигата, а тоа најдобро говори колку баварците беа немоќни во офанзива на вчерашниот натпревар на „БајАрена“.
Актуелниот шампион во целост го надигра големиот ривал за титулата и создаде доволно број шанси за да победи, но бидејќи не постигна гол, на крајот владееше големо разочарување во Леверкузен.
Баер не ја искористи шансата да му се доближи на Баерн на табелата, па далеку позадоволни од ремито беа избраниците на Венсан Компани кои се вратија во Минхен со иста предност како претходно, плус 8.
Александар Павловиќ беше еден од фудбалерите кои навистина многу работеа во дефанзива, а младиот играч за врска призна дека неговиот тим бил немоќен да направи било што поради добрата тактичка поставеност на избраниците на Чаби Алонсо.
– Среќни сме и задоволни со освоениот бод. Работите не функционираа за нас онака какошто замисливме, но успеавме да се одбраниме докрај. Леверкузен ни играше човек на човек цел натпревар и не успеавме да се справиме со нивниот пресинг. Ни беше навистина многу тешко да излеземе од нашата половина, но најважно е што останавме на плус осум од нив на првенствената табела, – изјави Павловиќ.
-
Свет21 час
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Англија16 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Шпанија22 часа
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена
-
Балкан10 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија23 часа
Мота: Оставка? Тоа е премногу лесно…
-
Италија21 час
Гасперини: Судијата го уништи натпреварот со Интер
-
Англија19 часа
Постекоглу влезе во конфликт со навивач на Тотенхем, Тел мораше да ја смирува ситуацијата (ВИДЕО)
-
Англија17 часа
Руни бил блиску да игра за друга репрезентација: Тоа ќе беше одлично