Поврзете се со нас

Боречки спортови

Павлов освои бронза во Карате 1 Премиер лигата одржана во Истанбул

Објавено

на

Најдобриот македонски каратист, Емил Павлов имаше уште едно впечатливо издание, овојпат на Карате 1 Премиер лигата одржана во Истанбул.

Павлов стигна до бронзениот медал на турнирот одржан во Турција совладувајќи го Казахстанецот, Каизар Алписабир со 4:1 во натпреварот за бронзата.

Нашиот каратист во Истанбул победи на четири средби со противници од Азербејџан, Јордан, Шпанија и Казахстан, а загуби само од Фирдовси Ферзалиев од Азербејџан во полуфиналниот натпревар.

Павлов сега се подготвува за Државното првенство на Македонија, а главна цел оваа година секако ќе биде да обезбеди учевство на Олимписките игри во Токио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни