Поврзете се со нас

ВТА

Пављученкова и Крејчикова ќе водат битка за трофејот на Ролан Гарос

Објавено

на

Анастасија Пављученкова и Барбора Крејчикова ќе се борат за титулата на вториот грен слем во оваа календарска година Ролан Гарос.

Ова е епилогот по денешните полуфинални мечеви кои понудија доста возбудувања, борба во која на крајот славеа тенисерките од Русија и Чешка. Прва работата си ја заврши Пављученкова која стана прва дама која настапила на повеќе од 50 големи турнири за да дојде до првото грен слем финале во кариерата.

Анастасија славеше над Словенката Тамара Зиданшек со 2-1 во сетови со 7-5, 6-3 по еден ипол час игра на „Филип Шатрие“.

Крејчикова пак по една вистинска драма која траеше три часа и 18 минути беше подобра од Марија Сакари од Грција со 2-1 во сетови. Барбора славеше во првиот со 7-5, Сакари возврати со 6-4 во вториот за да во решавачката битка Чехинката спаси меч топка во деветтиот гејм по што коцките некако се наредија и до крјаот со 9-7 се израдува на триумфот вреден завршен меч за пехарот во Париз.

Пресметката за титулата се игра во сабота од 15 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни