Поврзете се со нас

Германија

Павар им одговори на француските фанови: Можеби сум помалку секси од Хакими и Александер-Арнолд…

Објавено

на

Бенжаман Павар и сезонава настапува во дресот на Баерн Минхен, но очигледно се уште не ги убедил француските фанови во своите квалитети.

Француската јавност редовно го критикува Павар по настапите за националниот тим, а во последното интервју десниот бек решил да им одговори на своите сонародници.

– Имам разбирање за критиките кои ги добивам во Франција, бидејќи млад ја напуштив земјата и немам одиграно многу натпревари во француското првенство. Фановите во мојата земја почнаа да се интересираат за мене по атрактивниот гол против Аргентина на СП во 2018 година.

– На хартија, Павар можеби е помалку секси од Хакими и Александер-Арнолд, но сметам дека дефанзивно сум покомплетен играч од нив.

– Би сакал да добивам поголемо почитување во својата земја, бидејќи пред се сум Французин, но нема на сила да ги терам фановите да ги следат натпреварите во германското првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни