Шпанија
Пауновиќ: Јовиќ мора да најде ментор во Реал
Лука Јовиќ минатото лето за сума од околу 60 милиони евра направи бомбастичен трансфер од Ајнтрахт Франкфурт во големиот шпански гигант Реал Мадрид, но напаѓачот воопшто не се снајде во досегашниот престој на „Сантијаго Берабеу“.
Од него се очекуваше да биде добра поткрепа, замена за Карим Бензема, меѓутоа во таа мисија не успеа, немаше влијание во играта, понекогаш беше и комплетно изоставуван од составот за да сега по карантинот се врати со повреда во Реал и најверојатно оваа сезона за него е завршена.
-Сите се надевавме дека ќе видиме повеќе од Јовиќ и мислам имаше доволно време за адаптација. Ама се уште верувам во него, -истакна Вељко Пауновиќ кој долго години беше дел од шпанскиот фудбал.
Поранешниот член на Атлетико Мадрид смета дека Јовиќ треба да најде постар колега во Реал кој ќе му биде вистински ментор и ќе му помогне во надминување на предизвиците.
-Зидан добро се грижи за него. Ама мислам му фали ветеран за да му покаже како големите клубови како Реал, Атлетико и Барселона функционираат. Јовиќ мора да си го заврши својот дел и да најде некој кој ќе му биде ментор. Барањата во Реал се големи и мораш да бидеш подготвен за нив, -порача Пауновиќ.
-
Англијапред 19 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 18 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Италијапред 22 часа
Инѕаги го поздрави противникот кој го потопи Интер: Постигна страшен гол (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Познати се паровите за 4.рунда во Карабао Купот: Дербито се игра на „Олд Трафорд“, Арсенал го очекува уште еден соседски предизвик (ФОТО)
-
Англијапред 19 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
НБАпред 19 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Италијапред 21 час
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно
-
Англијапред 21 час
Клоп воодушевен од летното засилување кое продолжи да блеска: Уште од првата минута импресионира со својот пристап (Видео)