Поврзете се со нас

Франција

Паулета со совет до Мбапе по доаѓањето на Меси во ПСЖ: Мора да се прилагоди, ќе мора тоа да го прифати

Објавено

на

Педро Паулета е вистинска легенда на Пари Сен Жермен, клуб за кој настапуваше во периодот од 2003 до 2008 година, период во кој беше најдобар стрелец и играч на „светците“.

Меѓутоа оттогаш многу работи се променеите, сега ПСЖ финансиски е супер моќен и успеа да создаде дрим тим, тим од кој од оваа сезона е дел и Лионел Меси. Во целата оваа ситуација сега неизвесен е Килијан Мбапе кој е во последната година од договорот и како што стојат работите нема да ја продолжи соработата, односно се чини само прашање е на време кога ќе си го оствари сонот и се пресели во Реал Мадрид.

Ама повеќе од сигурно е дека Килијан ќе мора докрај да ја одбработи оваа кампања, па Паулета има еден директен совет до брзоногиот напаѓач. Португалецот смета дека Мбапе ќе мора да се адаптира и да прифати дека во актуелнава кампања може да даде помалку голови од Лео Меси.

-Ќе мора да се прилагоди. Но тој ќе порасне многу со Меси во ПСЖ. Ако има интелигенција да се движи добро, искористувајќи го просторот што ќе го создадат Меси и Нејмар, тој често ќе се наоѓа во добра ситуација благодарение на нивниот квалитет на додавање и затоа ќе може да постигне многу голови.

-Фактот дека тој може да игра странично или во средината ќе биде предност. Со оглед на тоа, секогаш постои ризик еден од тројцата да постигне помалку голови. Ако тоа е случај со Килијан  ќе мора да го прифати, -порача Педро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни